Тенис

ИВАНИШЕВИЌ ПОВЕЌЕ НЕ Е ТРЕНЕР НА НОВАК

Новак Ѓоковиќ пред малку се огласи преку социјалните мрежи дека ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Поранешниот хрватски тенисер повеќе не му е тренер на првиот светски рекет, одлука која двајцата ја спогодбено ја донеле пред неколку дена.

„Се сеќавам дека лично го побарав Горан да ми биде тренер уште во 2018 година. Во тој период Маријан и јас баравме нешто иновативно, што ќе ни донесе магичен сервис во нашето дуо. Не само што го добивме тоа што го баравме, туку добивме и многу смеа, забава, години кои ги завршивме како број 1 во светот, урнати рекорди и уште 12 гренслема (и многу финалиња) во нашиот успех. Дали напоменав дека добивме и малку драма?

Јас и Горан одлучивме пред неколку дена да ја прекинеме соработката. На теренот нашата хемија доживуваше подеми и падови, но нашето пријателство ќе остане за секогаш. Горд сум што можам да кажам дека остваривме многу успеси заедно“, се огласи Ѓоковиќ.

На српскиот тенисер му останува да најде замена на позицијата тренер, нешто што многу веројатно ќе се случи наскоро.