КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ ОЛД ТРАФОРД? (ФОТО)
Објавено на: 21.03.2024
Џим Ратклиф очигледно има големи амбиции за неговиот Манчестер Јунајтед, кој е во финални подготовки за реконструкција на Олд Трафорд во „Вембли на Северот“.
Британските медиуми денес објавија многу прецизни 3Д рендери од новиот стадион, кој треба да има капацитет од приближно 100.000 гледачи и да биде вториот по големина стадион во Англија по Вембли во Лондон.
Она што крена преголема прашина во последниот период во црвениот дел на Манчестер е што плановите на Ретклиф можеби ќе се насочат кон руинирање на сегашниот Олд Трафорд и изградба на сосема нов стадион, но сепак тој не ја исклучи и можноста да се надогради и реновира постоечкиот стадион.
Можеме да направиме многу добра шминка, но исто така и да направиме сосема нов стадион, кој ќе чини речиси една милијарда долари, бидејќи имаме простор да го направиме тоа. Тој ќе биде најсовремен стадион на светот со капацитет од 90 до 100.000 гледачи и ќе биде место за одржување на големи збиднувања во северот на Англија. Јунајтед треба да има нов стадион за да ја зацврсти силината на брендот, што не беше случај пред 20 години, но сега е. Мислам дека Олд Трафорд е уморен за реконструкции.



Мора да се признае, изгледа фантастично, но останува да видиме дали Олд Трафорд ќе добие добра шминка или сепак ќе мора да се руши стариот добар стадион, за да се изгради ново грандиозно ремек-дело.