Фудбал

ПОРАНЕШНИОТ ГАЛАКТИКО ОСУДЕН НА 9 ГОДИНИ ЗАТВОР

Робињо Де Соуза, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан, ќе мора да отслужи затворска казна од 9 години поради учество во групен сексуален напад. Немилиот инцидент се случил во 2013 година кога Бразилецот беше член на Милан, а пресудата за затвор датира од 2017 година, донесена од судот во Италија.

Сепак, бидејќи Робињо е во родната земја, Бразил не екстрадира свои државјани, но италијанските органи најдоа начин за поранешниот фудбалер да ја отслужи казната во својата татковина. Врховниот суд во Бразил гласаше 9-2 „ЗА“, па Робињо многу веројатно ќе заглави зад решетки, иако има право на жалба.