ХАЛАНД БИЛ ПРЕД ПОТПИС СО НАПОЛИ?!
Објавено на: 01.03.2024
Што ќе се случеше доколку Ерлинг Халанд потпишеше за Наполи, наместо за Борусија Дортмунд? На ова прашање никогаш нема да добиеме одговор, но Аурелио Де Лаурентис, сопственикот на Наполи, ја натера јавноста да го замисли ова сценарио кое не се оствари.
Газдата на актуелниот италијански првак откри дека успеал да го договори трансферот на Норвежанецот, меѓутоа по интервенција на Мино Рајола, поранешниот агент на Халанд, овој ангажман не се случил.
„Бевме на работ да го потпишеме Халанд за 50 милиони евра, дури и се договорив со Салцбург. Меѓутоа, Рајола ме замоли да не се обидувам да го ангажирам бидејќи тој веќе го имал договорено неговиот следен трансфер“, посочи Де Лаурентис.
Халанд по импесивната епизода во Салцбург го облече дресот на германските Милионери, каде што се експлодира и се истакна како еден од најопасните голгетери на денешницата, ако не и најопасен, по што му следуваше нова преселба, во Манчестер сити.