Фудбал

ДЕШАМП ГО БРАНИ ПОГБА: НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА НАМЕРНО КОРИСТЕЛ ДОПИНГ

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп, е разочаран од конечната пресуда Пол Погба да биде суспендиран на четири години поради користење на допинг.

Дешамп не сака да верува дека Погба свесно и намерно користел недозволиви супстанци, иако паднал на два теста.

„Иако присутноста на недозволениот хормон е неспорна во двата теста, ниту во еден момент не можам да замислам дека Пол намерно користел допинг. Многу добро го познавам, знам дека воопшто не е во состојба свесно да го направи тоа“, истакна Дешамп.

Погба во меѓувреме има право на жалба околу пресудата, но шансите да му се тргне казната или да се намали времетраењето, се сосема минимални.