Фудбал

ПОСЛЕДНОТО БАРАЊЕ НА МБАПЕ ДО РЕАЛ: КУПЕТЕ ГО МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ

Речиси да нема дилеми дека Килијан Мбапе налето се сели во Реал Мадрид како слободен играч од ПСЖ. Француската супер-ѕвезда конечно по четири години трансфер-сага ќе го облече белиот дрес, и тоа за пониски примања од моменталните како член на парискиот гигант.

Ќе добие над 100-милионски бонус, плата од околу 20 милиони евра по сезона, како и процент од имиџ-правата кога ќе биде користен за маркетинг цели од страна на Кралскиот клуб.

Сепак, Мбапе има уште едно, последно барање до 14-краткиот европски првак, а тоа е да го откупи и неговиот близок пријател, кој всушност е производ на академијата на Реал Мадрид. Мбапе посакува повторно да игра со Ашраф Хакими, еден од најдобрите десни бекови на светот.

Може да се претпостави дека ПСЖ тешко ќе дозволи две ѕвезди во едно лето да заминат од клубот, а уште помалку да го засилат главниот конкурент за титулата во ЛШ, но останува да се види дали Реал ќе ја испразни касата за „своето дете“, односно дали воопшто ќе го исполни барањето на идниот Галактико.