ПОМОШНИКОТ НА ЈУРИЌ УАПСЕН ПОРАДИ ШПИОНАЖА НА РОМА
Објавено на: 26.02.2024
Кога мислиш дека се си видел и се си слушнал поврзано со фудбалот, тука се балканците кои можат да направат нова „глупост“, a тоа да одекне како бомба насекаде низ фудбалска Европа.
Според Кориере дело спорт, во текот на вчерашниот ден, римската полиција во близина на тренинг кампот на Рома го уапсила Миќеле Орекио, човекот задолжен за скаутирање на противниците на Иван Јуриќ, тренерот на Торино. Тој бил качен на дрвата во близина на „Тригорија“, облечен во црно и го набљудувал тренингот на Даниеле Де Роси во пресрет на дуелот со Торино.
Италијанските медиуми објавуваат дека тој бил со црна капа, во себе имал двоглед, но сепак не успеал да извлече многу информации околу начинот на кој ќе игра Рома вечерва и со кој состав ќе излезе на Олимпико. Од таборот на римската волчица не биле баш најсреќни со ситуацијата и се очекува денес по натпреварот да побараат и писмено објаснување од тимот на Јуриќ.
Си слушнал вакво нешто?