Кошарка

ВЕМБИ КАКО МУТОМБО И ОЛАЈЏУВОН: ТРИПЛ-ДАБЛ СО 10 БЛОКАДИ (ВИДЕО)

Новајлијата Виктор Вембенјама, ноќеска го предводеше Сан Антонио до сигурна победа над Торонто со 122:99, а младата ѕвезда на Спарс имаше историска партија во која запиша трипл-дабл учинок вклучувајќи 10 блокади.

Вемби стана 26-тиот играч во историјата на НБА кој успеал да врзе двоцифрен учинок во три статистики, а една од нив да биде бројот на блокади.

Покрај 10-те блока, Вембенјама постигна 27 поени и 14 скока, но имаше и 5 асистенции за уште поимпресивно издание на разиграниот центар на тимот од Тексас.