Фудбал

ДИСАСИ ТРГНА ДА СЛАВИ ГОЛ ВО 90-ТА, ПА СЕ ИЗГУБИ МЕЃУ НАВИВАЧИТЕ (ВИДЕО)

Со многу мака, Челси вчера успеа да избори победа од 3-1 на гостувањето кај Кристал палас, по головите на Галагер и Фернандес во судиското надополнување.

Сините со пресврт по негатива од еден гол стигнаа до трите бода, а кога Галагер го постигна голот за водство во првата минута од дополнителните четири, Дисаси претера со прославата и се фрли во првите редови каде навиачите на Челси скокаа од радост. Францускиот стопер залута во гужвата и едвај успеа да се врати на теренот. Токму поради ова Дисаси беше санкциониран со жолт картон.