ПАРТИЗАН ГО КРАДЕ МУСА ОД РЕАЛ МАДРИД?
Објавено на: 02.02.2024
Шпанските медиуми најавуваат трансфер-бомба во насока Мадрид-Белград! Според нив, првотимецот на Реал Мадрид, Џанан Муса, би можел на лето да го засили белградскиот евролигаш.
Според медиумите од шпанската метропола, босанскиот бек на крајот од сезоната ќе одлучува каде ќе ја продолжи кариерата, а тимот предводен од Жељко Обрадовиќ му нуди 2 милиони евра по сезона за тригодишен договор. Понудата на кралскиот клуб која е на маса е за половина милион помалку и важност од само 2 сезони.
Најавите се дека Муса се уште нема одлучено, но примамливата финасиска понуда, проектот кој го започна Обрадовиќ и фантастичната атмосфера во Белград по кошарката се нешто што го примамува да го облече црно-белиот дрес.
Дали со него во тим Партизан ќе има топ 4 пласман?