РИО ВО НЕВЕРУВАЊЕ: ЧЕЛСИ БЕШЕ ОГРАБЕН НА „ЕНФИЛД“
Објавено на: 01.02.2024
Ливерпул вчеравечер забележа доминантна победа над Челси со 4-1 во дербито од 22-то коло во Премиер лигата, но Рио Фердинанд смета дека судењето воопшто не беше на потребното ниво какво што доликува за еден дуел меѓу два големи ривали.
Главниот арбитар Пол Тирни во два наврати не досуди најстрога казна во корист на Сините, еднаш Галахер беше урнат на земја во противничкиот шестнаесетник, додека вториот пат Нкунку доби удар во ногата исто така во опасната зона, при стартови кои ги направи Ван Дајк. И во двете ситуации, Тирни воопшто не сакаше да провери дали има доволно материјал за да досуди барем еден, ако не и два пенали за гостите од Лондон, по што водителот и критичар на „Скај спортс“ остана во неверување.
„Не ми се верува дека ВАР и во двете ситуации одлучи дека стартовите не се доволни за пенал. Па, таа технологија постои токму за вакви инциденти, да му помогне на судијата да донесе правична одлука. Јас секако сметам дека Челси не беше на потребното ниво, но сепак тие два пенали ќе го сменеа текот на натпреварот“, истакна легендата на Челси.
Прекршок во напад при вториот гол на Ливерпул, кога Жота се судри со Чилвел и го урна капитенот на Сините на земја, е уште една сомнителна ситуација во која судијата Тирни не виде ништо спорно, наводно…