Фудбал

ВИКАРИО ГО ЗАКОПА ТОНИ СО НЕКОЛКУ ЗБОРА

Драматично беше во пресметката меѓу Тотенхем и Брентфорд која домаќините со пресврт ја добија при конечни 3-2. Фудбалерите на двете екипи во неколку наврати влегоа во вербални судири, прво Маупај го предизвика Медисон користејќи ја неговата прослаа при голот за 0-1, за потоа членовите на Петлите да возвратат со иста мера кога го вртеа резултатот.

Во еден момент Викарио и Тони се закачија, а италијанскиот голман по мечот откри што му порачал на гостинскиот напаѓач за да ја реши расправијата.

„Тони ми се обраќаше во текот на целиот натпревар, обидувајќи се да ме деконцентрира. На крајот му кажав дека се надевам дека не се обложил на овој меч, бидејќи немаше да му следува добивка“, им откри голманот на Тотенхем.