РЕАЛ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН РОК СЕ ЗАСИЛИ СО… НОВ ЛАПТОП (ВИДЕО)
Објавено на: 01.02.2024
Овој зимски преоден рок не беше турбулентен како по обичај, повеќето гиганти мируваа и решија да не трошат средства кои би можеле да ги вложат по крајот на сезоната.
Истото важи и за Реал Мадрид, иако објавата на социјалните мрежи на Кралскиот клуб за момент најави дека можеби ќе пристигне нов фудбалер на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, Реал ја најави новата соработка со компанијата за преносни компјутери „ХП“, на доста креативен, но и драматичен начин.
Не знаевме дека до толку треба да се фалиш дека си купил нов лаптоп…
🗓️ 02/02/2024 🗓️ pic.twitter.com/LJO0JxAG3X
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) February 1, 2024