Фудбал

ЗЕМА 25 МИЛИОНИ ЕВРА, А СЕ ОДНЕСУВА КАКО СИТЕН ГУБИТНИК (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Саудиска Арабија, предводена од Роберто Манчини, вчеравечер претрпе елиминација во 1/8 финалето од Азискиот Куп, откако фудбалерите на Јужна Кореја беа подобри пеналџии во рулетот.

Саудијците промашија два од вкупно четири пенали, а по утката на Гариб, Манчини не издржа да го дочека крајот на пеналите и веднаш се упати кон соблекувалната, иако Хи Чан требаше да погоди за да ја потврди победата на Јужнокорејците, што и го стори тоа.

Поради потегот, Манчини се најде на удар на критики од страна на јавноста, особено поради фактот дека италијанскиот стратег заработува 25 милиони евра годишна плата за селекторската позиција. Наместо да ги отпоздрави навивачите, да ги утеши своите играчи за неуспехот, тој ладнокрвно ја напушти сцената, дури и не се поздрави со неговиот колега од спротивната страна.