ЈАГО ОД ЗВЕЗДА НЕМА ВИДЕНО ХИДРАНТ? (ВИДЕО)
Објавено на: 31.01.2024
Јаго Дос Сантос пред натпреварот со Валенсија се заигра со хидрантот како првпат да гледа таква направа во својот живот. Пред кошаркарите на Црвена зведа да излезат на теренот во „Штарк арена“ за дуелот со Валенсија, бразилскиот бек беше љубопитен да види што има зад црвената вратичка, па почна да игра за цревото кое се користи во случај на пожар, за во еден момент целото да му падне, па некако се снајде и го собра.
Среќа па неговата неконцентрација не влијаеше врз играта на Црвено-белите, кои славеа со убедливи 82:64, а Јаго забележа учинок од 5 поени, 5 скока и 4 асистенции.