Тенис

МОМЕНТОТ КОГА САША ПАДНА НА ЗАДНИКОТ, ЈАСНО БЕШЕ ДЕКА МЕДО ЌЕ ЈА ВРТИ (ВИДЕО)

Данил Медведев оствари неверојатен пресврт против Александер Зверев со 3-2 во сетови (5-7, 3-6, 7-6, 7-6 и 6-3) за пласман во големото финале на Австралија Опен.

По речиси 4 и пол часа игра, Русинот успеа да надополни два сета негатива, а клучниот момент за пресвртот беше во текот на третиот сет при 4-4 и 40-40, кога Медведев по еден долг поен го натера Зверев да падне на задникот. Од овој поен, Данил беше неприкосновен и ги доби третиот и четвртиот сет во тајбрејк, за на крајот да издоминира за негово четврто гренслем финале во кариерата.

За Медведев ова е трето финале во Мелбурн, претходните две ги загуби Новак Ѓоковиќ, односно Рафаел Надал во 2021 и 2022 година, додека единствената гренслем титула ја освои на УС Опен во 2021 година.

Противник во финалето ќе му биде Италијанецот Јаник Синер.