ПОРАДИ КОЈА ПРИЧИНА КЛОП СЕ РАЗДЕЛУВА СО ЛИВЕРПУЛ?
Објавено на: 26.01.2024
Јирген Клоп ја шокираше јавноста со интервјуто во кое соопшти дека го напушта Ливерпул по крајот на сезоната. Оваа вест воопшто не беше очекувана, иако како што откри Германецот, управата на Црвените знаела уште во ноември минатата година.
Главната причина е што не може повеќе да го издржи напорот
„Ќе си заминам од клубот по крајот на сезоната. Знам дека ова е шок за многумина во моментов, па затоа ќе се обидам да ја објаснам мојата одлука. Буквално сум заљубен во сѐ што претставува овој клуб. Го сакам градот, навивачите, ги сакам и играчите и стручниот штаб, сите до еден. Сепак, убеден сум дека овој потег морам да го направам, бидејќи ми снемува сила, немам повеќе енергија. Засега сум добар и здрав, но не можам повеќе да вложувам напори одново и одново. По сите години и работи кои ги поминавме заедно, меѓусебната љубов и почит растеше постепено, па затоа ви ја должам вистината“, истакна Клоп.
A message to Liverpool supporters from Jürgen Klopp. pic.twitter.com/l7rtmxgOzt
— Liverpool FC (@LFC) January 26, 2024
Германскиот стратег пристигна на „Енфилд“ во октомври 2015 година и буквално го препороди еден од најтрофејните англиски клубови. Клоп го водеше Ливерпул до првата титула во Премиер лигата по 30 години пауза, играше три финалиња во Лигата на шампионите од кои во едно од нив ја освоија европската круна, а ги освои и трофеите во ФА Купот, Карабао Купот, европскиот Суперкуп, како и Светското клупско првенство.
До ова соопштение, Клоп го водеше Ливерпул во 464 меча во сите натпреварувања, во кои запиша 288 победи, 96 ремија и 80 порази.
Што е следно за него?