ГОЛОТ НА ПРАНДИ ЗА ПРОДОЛЖЕНИЈА Е НЕРЕГУЛАРЕН? (ВИДЕО)
Објавено на: 26.01.2024
Франција не ѝ дозволи на Шведска да ја брани европската титула откако Триколорите славеа во првото полуфинале со 34:30 по продолженија. Драматичниот фотофиниш со голот на Пранди ги остави Французите во игра иако имаа 6 гола предност на полувремето при резултат 17:11, па дополнителното време го добија со 7:3.
Пранди погоди маестрално фрлајќи се парада и го насамари живиот ѕид од десната страна, но фановите на социјалните мрежи се бунат дека ракометарот на Франција не е со двете нозе на земја при самиот шут за израмнувачкиот гол во 60-тата минута, односно левата нога му е крената во моментот кога топката ја напушта неговата рака.
Проценете сами:
Can you believe what just happened? 😱😱#ehfeuro2024 #heretoplay #FRASWE pic.twitter.com/E4qzcY4jNT
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2024
Инаку, Франција ќе го чека подобриот од дуелот Германија – Данска.