Кошарка

ЛЕБРОН УРНА УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД НА АБДУЛ-ЏАБАР

Леброн Џејмс по рекорден 20-ти пат е избран за стартер во Ол-стар натпреварот кој годинава ќе се одигра на 18 февруари. Кралот е единствен кој ќе се појави по 20-ти пат на собирот на кошаркарските ѕвезди, со што го надмина рекордот на легендарниот Карим Абдул-Џабар.

Вечниот Леброн на 39 години доби најмногу гласови и ќе биде капитен на тимот од Западната конференција, предводејќи ја петорката во која уште се Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Кевин Дурант и Шеј Гилџус-Александер.

Што се однесува до ол-стар тимот од Истокот, Јанис Адетокумбо доби најмногу гласови и тој ќе биде капитен покрај Џоел Ембид, Тајрис Халибуртон, Демиен Лилад и Џејсон Тејтум.