Тенис

ЗОШТО СЕРИИТЕ НА ЃОКОВИЌ ЗАВРШУВААТ ПО 2.195 ДЕНА?

По 33 победи во низа, 10 финалиња и исто толку титули на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ ноќеска загуби од Јанис Синер во полуфиналето и нема да го брани гренслемот во Мелбурн. Првиот светски рекет немаше одговор за вонсериската партија на вториот најмлад финалист на овој гренслем (Синер на 22 години и 163 дена), па за 25-та гренслем титула ќе се бори во некоја друга прилика.

Интересен е фактот што Синер спречи серија на Ѓоковиќ по исто толку денови како што го стори тоа Карлос Алкарас лани на Вимблдон. Доминацијата без пораз на Србинот траеше точно 2.195 дена во Мелбурн, а во идентичен временски период беше непокорлив и во Лондон. И двајцата го совладаа по 2.195 на австралискиот гренслем, односно на неофицијалното светско тениско првенство.

Дали е случајно или судбина, веројатно никогаш нема се дознае, но играта на броеви секогаш ќе биде интересна за статистичарите.

Треба да му се честита и на Синер, не само поради што му застана на патот на Ѓоковиќ, туку и поради фактот што испиша историја како прв италијански тенисер кој стигнал до финале на Австралија Опен, откако е воведена Опен ерата во 1973 година.