Фудбал

БЕЛИНГЕМ ФАТЕН КАКО КРАДЕ КОПАЧКИ (ВИДЕО)

Џуд Белингем е ѕвездата во новата реклама на Адидас за новиот модел на копачки, култните Предатор. Рекламата е доста креативна, сцената се одвива во тајна лабораторија каде Англичанецот дознава дека не смее да ги користи новите копачки бидејќи со нив не се промашува.

Откако го дозна тоа, Џуд реши да ја земе работата во свои раце и да ги украде копачките со цел да ги проба дали навистина со нив се погодува гол при секој шут. На крајот, се увери дека „предаторките“ се најдобрите копачки моментално.