ГОЛЧИШТЕ НА ВЛАХОВИЌ ЗА ЕРУПЦИЈА ВО ТОРИНО (ВИДЕО)
Објавено на: 16.01.2024
Душан Влаховиќ го изведе можеби еден од најдобрите слободни удари во последно време, на спектакуларен начин донесе водство од 2-0 за Јувентус против Сасуоло.
За ремек-делото имаше мала помош од гредата, што само го направи погодокот уште посензационален, за ерупција на трибините на Алијанц стадионот во Торино. Каква всушност мајсторија изведе напаѓачот на домаќините кажува и реакцијата на Јилдиз, во неверување се држеше за глава.
Јуве води со два гола разлика на полувремето во мечот од 20-тото коло, благодарение на двојниот стрелец Влаховиќ, со кои стигна до вкупно 9 гола досега во сезоната.