Тенис

ЛОБ ПРОТИВ НОЛЕ, МЕЛБУРН НА НОЗЕ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Австралија Опен по триумфот над Алексеј Попирин со 3-1 во сетови, но ја немаше поддршката од публиката во Мелбурн како по обичај.

Тоа беше така бидејќи светскиот број 1 рекет играше против еден од домаќините на гренслемот, а Попирин на моменти им возврати на гледачите со атрактивни потези. Меѓу подобрите беше поенот освоен со лоб преку Србинот, по долга размена на удари, по што публиката се крена на нозе.