Фудбал

МАЕСТРАЛНА ШТИКЛА НА СИЛВА, ФОДЕН СЕ ДРЖИ ЗА ГЛАВА И СЕ ЧУДИ (ВИДЕО)

Бернардо Силва претендира за најдобар гол на сезоната во Премиер лигата по неговиот погодок за 1-0 во корист на Сити во дербито против Њукасл. Португалецот одлично се снајде во опасната зона и го проследи нафрлувањето од Вокер, па со петата од прва ја смести топката во мрежата на домаќините.

Мајсторијата беше толку добра, што Фоден се фати за глава во неверување при прославата на голот.

Сепак, само 10-тина минути по водечкиот гол на Граѓаните, следуваше рапсодија на „Сент Џејмс Парк“ откако Исак и Гордон приредија пресврт од 2-1 уште во првото полувреме. Само вака нека продолжи дербито, па може да конкурира за најдобар натпревар оваа сезона во англискиот шампионат.