Фудбал

КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИИИИИ(Н) (ВИДЕО)

Кристијано јуниор покажува знаци дека би можел да биде идната фудбалска ѕвезда од семејството Роналдо. Синот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, напорно вежба и се обидува да биде што е можно посличен на татко му во одредени сегменти, како на пример во изведувањето слободни удари.

На социјалните мрежи кружи видео во кое помладиот Роналдо одлично погодува во подалечниот агол од голот, па се јави и Кристијано со идентичен шут и реализација на истата страна.

Ова е дефиниција на поговорката „каков татко, таков син“.