КАНДРЕВА НЕ ЗНАЕ ДА ДАДЕ ОБИЧЕН ГОЛ (ВИДЕО)
Објавено на: 23.12.2023
Антонио Кандрева дефинитивно ќе ја однесе наградата „најдобар играч“ на натпреварот помеѓу Салернитана и Милан, кој заврши со резултат 2:2, иако домаќините можат и да жалат што не ги освоија сите 3 бода вечерва.
Поранешниот играч на Интер и Лацио асистираше при првиот гол на Салернитана, а постигна еврогол од повеќе од 30 метри против Мајк Мањан за водство од 2:1.
Познатиот „Тото“, ја зема топката и биеше во поблиската страна на голот на Мањан, кој не успеа да го скроти силниот удар на крилниот играч во Салерно кој несомнено имаше и добро ефе.
Погледнете:
CANDREVA. pic.twitter.com/lWFBrYqlQU
— Christian 🇳🇴 (@chrstnpls01) December 22, 2023
Сепак гостите успеаја со гол на Јовиќ во судиското продолжение да се спасат од комплетна бламажа кај последнопласираниот тим во лигата.