КАКО ДЕ ЛАУРЕНТИС ГИ БРКА ИГРАЧИТЕ
Објавено на: 22.12.2023
Малку му беше што го загуби потенцијалот кој го посакуваат големите екипи, кој на крајот заврши во Лајпциг што е признание за квалитетите на Ељиф Елмас, па првиот човек на се уште актуелниот шампион на Италија почна да ги „брка“ и другите фудбалери.
Претседателот на Наполи, контроверзниот Аурелио Де Лаурентис, за Пјотр Зиелински кому му истекува договорот во јуни, изјави:
Ние сме во разговори, но тој е од Полска, не му е грижа за сонцето и за морето. Можеби тој е повеќе навикнат на магла!👀
Ова е изјавата за македонскиот репрезентативец:
Го продадовме Елмас, не успеа да разбере дека тој е стартер на Наполи и кога не игра 90 минути!
Кој е следен?
