Фудбал

ВАРАН – ПУ, ПУ, НЕ ВАЖИ, ВРАТИ СЕ?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е принуден да размислува за потпишување на дефанзивно засилување бидејќи неговите централни бекови Алаба и Милитао се повредени и моментално се опоравуваат од повредите на вкрстен лигамент (ACL).

Според извештајот на германскиот новинар Кристијан Фалк, Кралскиот клуб го гледа Варан како идеален избор за зајакнување на одбраната на Карло Анчелоти. Варан, моментално во Манчестер Јунајтед, не беше редовен стартер оваа сезона, што доведе до шпекулации за потенцијално заминување од Олд Трафорд.

Варан потпиша за Манчестер Јунајтед во 2021 година за 40 милиони фунти (49 милиони долари), откако тој реши да одбие нов договор со Реал Мадрид. Ќе се пишманат ли и двете страни? Што кога ќе се вратат на теренот и Алаба и Милитао?