УЕФА ГИ ГУБИ ПРЕД СУДОТ, А ФИФА ИМ „НАКАЛЕМИ“ НОВО НАТПРЕВАРУВАЊЕ?
Објавено на: 17.12.2023
Многу е веројатно дека УЕФА ќе го загуби спорот со Реал Мадрид и Барселона, по што ќе се случи формирање на Суперлига од страна на моќните клубови, но ќе почекаме да видиме до крајот на месецот, иако се најавуваше дека тоа ќе се случи во март 2024.
Од друга страна, светската фудбалска организација ФИФА, потврди дека Светското клупско првенство ќе има свое деби издание во САД, од 15 јуни до 13 јули 2025 година. Ова се учесниците:
🇪🇺 Клубовите потврдени преку патеката UCL: Сити, Реал Мадрид, Челзи.
🇪🇺 Клубовите потврдени преку рангирање: Баерн, ПСЖ, Интер, Бенфика, Порто.
4️⃣ Наскоро ќе бидат потврдени уште четири клубови.
Има ли одмор за големите? Се претвори ли фудбалот во машинерија (само) за пари? Ќе се издржи ли ова пеколно темпо? Со какви состави ќе настапат учесниците на ова клупско СП? Колку ли само ќе се „јадат“ меѓу себе клубовите за учество?