Фудбал

СЕ ВИКАШ ХОЏСОН, ИМАШ РЕМИ СО СИТИ, ШТО МУ КАЖУВАШ НА ПЕП?

Изразот на лицето на тренерот на Кристал Палас е исконски и сигурно ќе биде на насловните страници уште долго време, а не е исклучено да следи лавина од мимови (мемиња) во скоро време.

Легендарниот Рој Хоџсон му се смее на бесниот Пеп Гвардиола, по она што се случи во судиското надополнување, кога Мајкл Олисе му донесе бод на Кристал Палас против Манчестер Сити.

Кристал Палас возврати од 2:0 за да обезбеди реми против англискиот и европски првак. Која е вашата вербална содржина на овој израз на лицето, со цел да се комплетира впечатокот?