АБЕ ИДИ ТАМУ, ЗА ШТО ПЛАТИВ 90 МИЛИОНИ ЕВРА?
Објавено на: 16.12.2023
Екипата на Пеп Гвардиола игра очајно не само според стандардите што тој ги наметна и според очекувањата од јавноста поради потрошените милијарди, туку и според основните параметри на фудбалот кои може да се видат и со голо око.
На последните 8 натпревари, актуелниот европски и англиски шампион, освојувач на популарната триплета минатата сезона, има само три победи, а скорот изгледа вака:
Сити – Кристал Палас 2:2
Црвена звезда – Сити 2:3
Лутон – Сити 1:2
Астон Вила – Сити 1:0
Сити – Тотенхем 3:3
Сити – Лајпциг 3:2
Сити – Ливерпул 1:1
Челси – Сити 4:4
Екипата од Манчестер прима голови како швајцарско сирење, а ја има најскапата одбранбена линија на светот. Што треба да поправи Гвардиола, за да му се врати екипата онаму каде тој посакува? Дали Гвардиол си го најде местото кај „презимењакот“?
