ЕВЕ КАКО ЕФТИМ ОД СКОПЈЕ ГО ОСВОИ ЏЕКПОТОТ ВО ЗЛАТНА КОПАЧКА
Објавено на: 15.12.2023
Ефтим од Скопје беше освојувачот на џекпотот во Златна Копачка вреден 215.333 денари, а во специјално интервју ни ја откри тајната како успеа да собере најмногу поени во последната петта етапа и да ги престигне сите претходни четири победници на претходните етапи.
Здраво Ефтим, честитки за освоениот огромен износ и ти посакуваме мудро и со среќа да си го трошиш. Колку години уплаќаш во Златна Копачка?
Не сум играл редовно отсекогаш, зависи од периодот, често сум правел паузи. Но, откако се отвори обложувалницата во комшии, веќе 10-тина години редовно играм во Златна Копачка.
Имаше ли посебна стратегија во последната етапа од џекпот натпреварот кој те доведе до главната премија?
Искрено, за овој начин на игра треба да се има многу среќа, а секако треба и да се биде упорен. Сите ние што се обложуваме имаме по барем еден омилен тим, како навивачи ги следиме сите новости околу тимовите и каква статистика имаат, па може да се каже дека тоа ни помага. Сепак, за обложување на повеќе натпревари среќата игра голема улога.
Колку добитни тикети имаше во текот на џекпот натпреварот?
До крајот на турнирот мислам дека имав над 40, паметам во третата етапа имав и неколку ваучери поради тикети со една промашена. Во секоја етапа имав денови по барем еден погоден тикет.
Кои ти се омилени игри за типување?
Најчесто типувам на голови, тие игри речиси секогаш се погодуваат. Сега многу често се случува да изненади резултатот, така да може да се каже дека игрите на голови се најлесни за погодување.
Дали сте учествувале претходно во некои слични вакви промоции во Златна Копачка?
За џекпот-турнирот дознав непосредно пред да почне и првпат учествував во ваква промоција. Преку ова почнав да ги откривам и другите можности кои ги нуди Златна Копачка. Инаку претходно сум бил стандарден играч, со уплаќање на системски тикети и слично.
Моментално се одвива слична промоција со 500 евра неделно, за оној тикет кој има најмногу погодени парови на него без разлика дали е добитен или не, па ете и во тоа се обидувам да извлечам некоја дополнителна добивка. Обидите беа неуспешни во главно поради мојот омилен тим Барселона на кој најчесто се обложувам, а резултатите баш не ми одат во прилог. Но, промоцијата трае уште две недели, па можеби до крајот ќе успеам да стигнам до првото место.
Каков совет би им испратил на други играчи, односно зошто да играат во Златна Копачка?
Златна Копачка е обложувалница која редовно нуди супер коефициенти и има огромен избор на интересни игри за типување, па ако се љубители на спортска тогаш би требало почесто да ја посетуваат. А, инаку порака до сите што сакаат да добијат на спортска, е да играат, бидејќи кој не играл не може да добие.