Фудбал

КАДЕ Е ПРОБЛЕМОТ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД?

Соборени рекорди досега оваа сезона, за екипата предводена од холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг, кој минатата сезона дојде на создадена и наследена екипа, но потоа имаше време да постави своја стратегија и личен концепт:

– Галатасарај немаше победено на натпревар на англиско тло во 117 години постоење, до Ерик Тен Хаг.
– Манчестер Јунајтед никогаш не ги загубил воведните два натпревара во групата, сè до Ерик Тен Хаг.
– Манчестер Јунајтед никогаш не примил 7 гола на воведните два натпревара од групата, до Ерик Тен Хаг.
– Манчестер Јунајтед никогаш нема примено 3+ гола во натпреварите во ЛШ, сè до Ерик Тен Хаг
– Манчестер Јунајтед немаше примено 3+ гола во три последователни натпревари од 1978 година, до Ерик Тен Хаг.

Ова се само дел од неславните рекорди, кои сезонава беа срушени од страна на црвените ѓаволи од Олд Трафорд. Ќе има ли уште, или човекот ќе мора да се спакува?