Фудбал

ЌЕ СЕ ВОДИ СЕРИОЗНА ИСТРАГА ЗА НЕПРАВЕДНО ПОНИШТЕНИОТ ГОЛ НА ЛИВЕРПУЛ

Тотенхем победи во дербито против црвените од Енфилд со 2:1, гостите добија два црвени картона и им беше поништен еден гол поради офсајд.

Но, судиите се збркаа при одлуката, немаа добра комуникација, всушност ВАР собата порача дека голот треба да важи, но настана недоразбирање со судиите на теренот:

Ќе се води истрага за причините за грешката, а дотогаш, само утеха за Ливерпул кој остана без бодови од мечот кај лондонскиот ривал.