Кошарка

СЕЛЕКТОР НА ГРЦИЈА Е ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ СЛИКАШЕ СО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ

Василис Спанулис остави свој белег на грчката кошарка како играч и го направи следниот чекор како тренер, кога Кошаркарската федерација на Грција го именува новопечениот тактичар за нов селектор на сениорската репрезентација на земјата. Спанулис и федерацијата во вторникот се согласија на двегодишен договор за да му ги предадат уздите на 41-годишниот кошаркарски виртуоз:

За мене тоа е момент од соништата, остварување на сонот. Кога ќе ве повика вашата земја, треба да одговорите и да дадете се. Сакам да им искажам голема благодарност на моите претходници, последниот Димитрис Итудис. На оние кои работеа напорно за да постигнат победи за националниот тим. Оние кои се тука и оние кои не се, сите ние сме поддржувачи на националниот тим.

По завршувањето на финалниот турнир на Евролига во 2012-та година, по фамозното финале и победата со пресврт против ЦСКА Москва во Истанбул, Перо Антиќ и Василис Спанулис се сликаа со македонското знаме:

Со тоа, нашиот кошаркар ја покажа верноста кон својата земја, откако во Евролига најавата му беше наложено да го прочита нашето име со кратенката ФИРОМ.