ПОЧНА – ОФИЦИЈАЛНА ИСТРАГА ЗА „КРИМИНАЛИТЕ“ НА БАРСЕЛОНА
Објавено на: 28.09.2023
Барселона сега е под официјална истрага за наводен поткуп на арбитри, поради наводни исплати на Хозе Марија Енрикез Негреира во замена за „поволни“ судиски одлуки.

Уплатите изнесуваат 7,3 милиони евра. Шпанската полиција упадна и во канцелариите на шпанскиот фудбалски судиски комитет за да собере докази, ако (се уште?) постојат.

УЕФА исто така го истражува случајот, а Барселона негира дека сторила нешто лошо. Ако се докаже вината, дали ќе се одземат титулите?