Фудбал

ЌЕ ГО ЗАШТИТИ ЛИ РЕАЛ КАМАВИНГА?

Едуардо Камавинга (20) е на прагот да го продолжи договорот со Реал Мадрид, велат упатени извори во светот на фудбалот.

Новиот договор за францускиот фудбалер ќе вклучува далеку повисока плата и сериозна ослободувачка клаузула за евентуална „заштита“ на играчот од предаторите на пазарот кои демнат веќе од секој агол на светот. Камавинга го сака Реал Мадрид, Реал го сака Едуардо, се вели во наводите на медиумите, тој е играч кој е клучен за сегашноста и за иднината на Кралскиот клуб.

Наводно, прашање за обновување на договорот биле мали детали. Дали ќе успее најтрофејниот светски клуб да го заштити својот најголем младински потенцијал?