АРСЕНАЛ СЕ УШТЕ РАБОТИ ЕСНАФСКИ, КОЛКУ ВРЕДИ ОДЕГАРД ДЕНЕС?
Објавено на: 07.09.2023
Топџиите се „обвинети“ во јавноста дека финансиската стабилност на клубот им е поважна од резултатите на екипата и од освојувањето на трофеи, што датира уште од времето на менаџерот Арсен венгер кој по вокација беше и се уште е економист.
Арсенал продолжи по тој пат и ретко се расфрла со пари, а најчесто купува фудбалери во кои гледа голем или неизреализиран потенцијал. Таков е норвешкиот интернационалец Мартин Одегард (24), кој беше купен од Реал Мадрид (2015-2021) за помалку од 30 милиони фунти пред две години.

Одегард беше најавуван како ново светско чудо во фудбалот, но во редовите на шпанскиот клуб не можеше никако да пркне. Во редовите на лондонската екипа, експлодира и се претвори во фудбалска машина.
Што е тоа т олку различно во овие два клуба?