ЛИСТАТА ЗА НАЈДОБАР ГОЛМАН Е ТУКА, КОЈ ЈА ЗАСЛУЖУВА НАГРАДАТА?
Објавено на: 07.09.2023
Најчесто нивната позиција е потценета, но од година в година расте популарноста на чуварите на мрежата, кои се почесто се претвораат во јунаци, особено во клучните моменти на големите натпревари и финалиња.
Ова е листата за 2023-та година, кој ќе ја добие наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман во текот на изминатата сезона?
Marc André ter Stegen 🇩🇪
Dominik Livaković 🇭🇷
Emiliano Martínez 🇦🇷
Thibaut Courtois 🇧🇪
Aaron Ramsdale 🏴
Mike Maignan 🇫🇷
Yassine Bono 🇲🇦
André Onana 🇨🇲
Brice Samba 🇫🇷
Ederson 🇧🇷
„Златната топка“ за 2023 година ќе биде 67-та годишна церемонија на доделувањето на „Златната топка“, претставена од магазинот „Франс Фудбал“, со што се избираат најдобрите фудбалери на светот во сезоната 2022-2023.

По втор пат во историјата на наградата, истата ќе се доделува врз основа на резултатите од сезоната, наместо на календарската година. Сезоната почна на 1-ви август 2022 година и заврши на 31-ви јули 2023 година. Номинираните беа објавени на 6 септември 2023 година, а церемонијата ќе се одржи на 30 октомври.