Фудбал

ЗА БОНО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА Е ПОВАЖНА ОД КЛУБОТ

Голманот на мароканската репрезентација призна дека најголемата пречка за негов трансфер во Реал Мадрид биле обврските кон националниот тим, на претстојниот Куп на aфриканските нации.

Јас бев првиот избор на Реал Мадрид и преговорите беа сериозни. Африканскиот куп на нациите беше главната пречка и договорот пропадна. – рече Боно.

Мароканскиот голман не сакал да го пропушти настапот на континенталното првенство со својата репрезентација и требало да каже „не“ на Федерацијата, со цел да го оствари трансферот од сништата на секој еден човек кој се занимава со фудбал.

Боно (32) тргнал во друг правец, по стапките на говорот на срцето. Репрезентацијата е местото во кое тој успеа да направи своја светска промоција. Исправен ли е потегот на Боно, кој сега ужива во саудиската лига?