Фудбал

ПОБЕДНИЦИТЕ ВО НАТПРЕВАРОТ „ПАКУВАЈ СЕ ЗА ЕВРОПСКО“ ОТПАТУВАА ЗА БУКУРЕШТ

Македонија на денешната пресметка против Австрија ќе има поддршка и од 6 дополнителни фанови кои беа победници на натпреварот „Пакувај се за Европско“ во организација на Златна Копачка.

Христијан, Андон и Сашко, заедно со по уште еден придружник по нивен избор отпатуваа во Букурешт, а ние ви испраќаме дел од фотките кои ни ги пратија во авионот кој полета утрово од Скопје.


Момци, не ги штедете гласните жици и грмете во Букурешт за нова историја!