ЗЛАТНА КОПАЧКА ТЕ НОСИ НА ЕВРОПСКО
Објавено на: 14.04.2021
Златна Копачка те носи на Европско првенство во фудбал! Секој уплатен тикет и добитен пар е чекор поблиску за тебе да бидеш дел од историскиот настан на кој ќе настапи нашата фудбалска репрезентација.
Поделено во 3 фази, победниците на трите фази заедно со уште една личност по нивен избор ќе им бидат доделени билети за двата натпревари на Македонија во Букурешт, хотелско сместување и превоз до главниот град на Романија.
Детали за натпреварот имате подолу под ранглистата со поени.
Ранг листа прва фаза Од 16.03.2021 до 05.04.2021
Ранг листа втора фаза Од 06.04.2021 до 26.04.2021
Ранг листа трета фаза Од 27.04.2021 до 17.05.2021
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
ПРВА ФАЗА: Од 16.03.2021 до 05.04.2021
ВТОРА ФАЗА: Од 06.04.2021 до 26.04.2021
ТРЕТА ФАЗА: Од 27.04.2021 до 17.05.2021
КОЈ СЕ ИМА ПРАВО НА ИГРА?
Право на учество во натпреварот има секое полнолетно физичко лице (со наполнети 18 години), освен лицата кои се вработени во Златна Копачка ЕДЕН ДОО Скопје и членовите на нивните потесни семејства (родители и деца, брат, сестра, сопруг или сопруга).
КОИ ТИКЕТИ ВЛЕГУВААТ ВО ИГРА?
Во дневната пресметка влегуваат сите тикети кои се уплатени прикажувајќи ја Bet&Get апликацијата или бројот на картичката на Bet&Get апликацијата, на кој има минимум 4 пара ,а ќе се бодуваат само натпреварите со коефициент 1.40 или повеќе.
Се бодуваат првите 5 тикети во денот кои ги исполнуваат условите за бодување.
Секој што ќе уплати 10 тикети на дневно ниво добива дополнителни 50 бодови во дневното рангирање.
Влегуваат сите добитни и недобитни тикети со една комбинација, а во дневната пресметка не влегуваат системските тикети, тикети на кои се играни двознаци и трознаци.
Во игра влегуваат тикетите кои се уплатени во временскиот рок на ваќење на секоја фаза.
Максималниот број на натпревари за типување на еден тикет е до 50 натпревари, а минималната уплата по еден тикет изнесува 20 денари.
НАЧИН НА БОДУВАЊЕ
Бодови на дневна основа може да се добие од уплата, од бројот на уплатени тикети, како и од бројот на погодени парови на секој тикет.
Бодовно рангирање на уплата по тикет
| Износ на уплата по тикет | Бодови |
|---|---|
| 20 – 499 денари | 1 бод |
| 500 до 4 999 денари | 5 бода |
| +5000 денари | 10 бода |
Бодови од 10 уплатени тикети дневно:
Доколку во текот на едно деноноќие се уплатат 10 тикети кои ги исполнуваат условите за бодување, играчот добива дополнителни 50 бода на дневното конто.
Бодови од погодени парови:
Секој погоден пар на тикетите кои влегуваат во пресметка (првите 5 уплатени тикети кои ги исполнуваа критериумите за бодување) со коефициент поголем или еднаков на 1.40 носи 1 бод. Во оваа пресметка влегува и ЕКСТРА ТИП пар.
РАНГИРАЊЕ
На дневно ниво, ќе биде ажурирана ранг листата на веб страницата на Златна Копачка на која ќе се прикажува рангирањето на играчите.
Поради заштита на личните податоци, ќе бидат објавувани имињата на играчите и првата буква од презимето.
Приказот на ранг листата ќе биде поделен на два дела, бодови од уплати и бодови од погодени парови.
Прворангираниот на секоја етапа е победник и ќе му биде доделен аранжман со патување, сместување и два билети за два натпревари на Македонија во Букурешт на Европското првенство во фудбал заедно со уште една личност по негов избор.
Во случај на исти бодови помеѓу првиот и вториот, победник е оној со поголем број на добитни тикети во текот на натпреварувачката фаза.
Доколку и при овој услов се изедначени, победник е оној кој прв се зачленил во Bet&Get програмата на Златна Копачка.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ТИКЕТИТЕ
Златна Копачка го задржува правото најдоцна седум дена по завршувањето на натпреварувачката фаза да може да ги обработи и прикаже ранг листите. Ова времетраење се должи на различни фактори, пред се тикети на кои има парови кои се одигруваат по завршување на одредена фаза.
Бодовниот приказ за одреден играч може да биде променет во текот на времетраењето на натпреварот, во зависност од одиграните натпревари, односно времето на обработка на тикетот. Така, доколку натпреварите на тикетот број 1 се одиграат друг ден и истите не бидат обработени, во обработка влегуваат тикетите од број 2 до број 6.
Откако ќе бидат одиграни натпреварите од тикетот број 1 и истите бидат обработени, во пресметката влегуваат бодовите од тикетот број 1 до тикетот број 5.
ПОДАРОЦИ ЗА СЕКОЈА ФАЗА:
1 МЕСТО
Патување на Европско првенство, сместување и посета на двата натпревари на Македонија.
2-5 МЕСТО
Дрес од Македонската фудбалска репрезентација и ваучер во вредност од 3000 денари кој ќе биде префрлен на Вашиот Bet&Get профил.
6-10 МЕСТО
Ваучер во вредност од 1000 денари кој ќе биде префрлен на Вашиот Bet&Get профил.
ОДЛОЖУВАЊЕ НА НАТПРЕВАР
Натпревар кој ќе биде одложен, прекинат или обработен со коефициент 1 нема да се пресметува во бодувањето односно нема да носи бодови по основ поени затоа што практично има коеф.=1.
Сепак, натпревар кој ќе биде одложен или прекинат , влегува во пресметката по основ на уплата со минимум 4 натпревара и една комбинација (ако има 4 наптревара од кои еден е одложен, тикетот ке се бодува).
ВИША СИЛА
Доколку според одлука на УЕФА и надлежните органи во Романија натпреварите на Европското првенство на фудбалската репрезентација на Македонија се одложат, се играат пред празни трибини или се преместат на друга локација, Златна Копачка го задржува правото на победниците на фазите да им додели ваучер од туристичка агенција во вредност на аранжманот за патување, сместување и посета на два натпревари на Европското првенство во фудбал.
Победниците на натпреварувачките фази исто така имаат право да се откажат од целосниот аранжман за Европското првенство и да добијат ваучер од туристичка агенција во вредност на аранжманот за патување, сместување и посета на два натпревари на Европското првенство во фудбал.
МАКСИМАЛНА ИСПЛАТА ПО ТИКЕТ
Максималната исплата не може да ги надмине максималните износи за исплата (за одиграни до 20 натпревари – 1.500.000 денари за одиграни 21 – 30 натпревари – 3.000.000 денари и за одиграни 31 – 50 натпревари – 6.000.000 денари).
ПОБЕДНИЦИ ЗА ВТОРА И ТРЕТА ФАЗА
Победникот на првата фаза и останатите добитници на подароци од првата фаза немаат право на учество во втората и третата фаза од натпреварувањето.
ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА
Златна Копачка го задржува правото за дисквалификација на одреден играч од натпреварот доколку утврди дека го прекршува правилото на фер плеј во случаји како:
• Двојни профили
• Победник од првична фаза кој игра со друг кориснички профил од иста адреса
• Злоупотреба на кориснички профил
• Други фактори кои асоцираат на нефер игра