НА КОГО МУ СЕ ПЛАЗИ НЕЈМАР?
Објавено на: 14.08.2023
Нејмар во Ал Хилал, официјално и потврдено, во очекување на медицинските прегледи кои најверојатно ќе покажат дека со бразилскиот ас се е во ред и тој ќе може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Сите страни го прифатија неизбежното – ПСЖ доби отштета од 100 милиони евра, Нејмар доби 160 милиони евра за две години. Бразилецот ќе го носи дресот со број 10. Кој добива, а кој губи со овој договор?
– ПСЖ се ослободи од сите (пара)ѕвезди.
– Напаѓачот ќе продолжи да игра (второлигашки) фудбал.
– Барса не ја сакаше поранешната икона.
– Другите европски гиганти не беа подготвени да издвојат милиони за најскапиот трансфер на сите времиња (222 милиона евра од Барселона во ПСЖ).
На кого му се плази нејмар?
