Фудбал

НИ ГИ ПОМАТИ СМЕТКИТЕ, МЕ ИНФОРМИРА ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА

Андреа Абоди, италијанскиот министер за спорт, се осврна на одлуката на Роберто Манчини да поднесе оставка од селекторската позиција на клупата на италијанската репрезентација, истакнувајќи дека „штотуку биле направени плановите“ непосредно пред овој потег.

Во еден момент, 58-годишниот фудбалски стратег го запали италијанскиот фудбал, кога се појави веста за неговата неочекувана оставка од функцијата предводник на „аѕурите“, навидум втурнувајќи ја својата репрезентација во организациски хаос на само 10 месеци пред ЕП 2024.

Оставката преку ПЕК (заверена е-пошта) е важен и деликатен гест. Изборите мора да се почитуваат, но мора да се контекстуализираат, бидејќи во спротивно сè е релативно. Не е моја улога да кажам зошто Манчини повеќе не е селектор на Италија. Дознав преку нотификација на мојот мобилен телефон. Освен тоа, никаде не пишува дека министерот за спорт мора однапред да биде информиран за ваков настан. Времето ќе покаже дали е добро или лошо. Се е релативно, зависи од исходот на историјата. Штотуку беа направени планови, Манчини го прошири своето влијание врз сите репрезентации, очигледно имаше планови. Фактот дека една недела подоцна сè тргна наопаку, не може да биде нормално.

Лучијано Спалети и Антонио Конте сега се фаворити за преземање на оваа улога и се очекува назначување на селекторот многу брзо. Следниот натпревар на „аѕурите“ е на 9 септември кога ќе се соочат со Македонија во квалификациите за Евро 2024 година.