ЧАВИ КУКА – СУДИЈАТА ЈА ИЗМИСЛИ РАКАТА НА ГАВИ
Објавено на: 14.08.2023
Актуелниот шампион на Шпанија одигра само реми во рамките на првото коло од новата сезона во Ла Лига, без голови кај тимот на Гетафе, кој се бореше до последната капка пот против очиглендо посилниот и далеку поуспешниот ривал.
Во последните моменти од мечот, имаше спорна ситуација по која не и беше досуден (според новите правила, очигледен) пенал на Барселона, туку беше досудена игра со рака од нејзин фудбалер пред да се случи спорната ситуација.

На ова, тренерот на гостите, кој во 70-та минута беше исклучен од игра поради неспортско однесување, реагираше:
🚨 #Xavi: "The referee invented Gavi's handball. Nobody can see it.”
Thoughts? 🤔#LaLiga pic.twitter.com/wcjtoCxYmR
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) August 13, 2023
А, да го прашаме Чави, дали ги виде судијата Овербо „рацете“ на играчите на Барселона на мечот кај Челси, што и не беше толку одамна? Ова е фудбал, господине Чави. Се победува и се губи. Најдобриот, на крајот на сезоната, ја освојува титулата. Добро, не баш секогаш…