КЕСИ ПОТПИША ЗА АЛ АХЛИ
Објавено на: 09.08.2023
Официјално и потврдено – поранешниот играч на росонерите не го издаде тимот каде се вивна во облаците и по неславната авантура во Барселона, заминува за Саудиска Арабија.
Саудијците, полека но сигурно, го преземаат поквалитетното од Европа, кое не може да си го најде своето место кај препотентните клубови на Стариот континент.

Франк Кеси за 12.5 милиони евра се пресели во Ал Ахил. Дали е ова вистински чекор за него, ќе покаже времето, но тој едностано не се снајде во Каталонија, а по интересот на Јувентус, не сакаше да го предаде Милан.