ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА – ТРИ ЅВЕЗДИ НА ПСЖ ВО АУТ
Објавено на: 09.08.2023
Луис Енрике дојде, па ќе си одеше, па продолжува со претумбациите во екипата – на францускиот гигант не му е сеедно непосредно пред стартрот на сезоната, но претпоставуваме дека сите беа свесни за времето кое ќе му биде потребно на новиот стратег да создаде квалитетен тим за меѓународни трофеи.
Според дел од француските медиуми, ПСЖ ги информирал Марко Верати, Нејмар и Ренато Санчез дека не се во плановите на шпанскиот стратег.

Прашањата што се поставуваат, се:
Дали има заинтересирани за овие тројца, освен интересот на Рома за последното ием на листата?
Ќе продолжат ли да играат европски фудбал, или се упатуваат кон Саудиска Арабија или Америка?
Имаат ли опции?