Фудбал

НЕМА РУШЕЊЕ НА САН СИРО, РЕШИЈА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ВЛАСТИ

Комисијата за културно наследство на регионот Ломбардија официјално постави забрана за уривање на легендарниот стадион, кој бил изграден 1925-та, а последен пат реновиран и ја доби денешната слика за СП 1990-та што се одржа во Италија.

Тие одлучија дека вториот ред на стадионот Сан Сиро е од културно значење и има историска вредност за градот Милано. Поради тоа, рушење на стадионот е забрането и нема да се спроведе според плановите на италијанските гиганти од овој град.

Ако Милан и Интер сакаат да изградат нов стадион, тој ќе мора да биде на нова локација, е конечната пресуда. Потег за поздрав, или за осуда?