КОГА ЌЕ ТРГНЕ ЛАВИНАТА – И СМС Е ДЕЛ ОД „АЏИИТЕ“
Објавено на: 13.07.2023
Официјално и потврдено. Српскиот интернационалец кој се крена во височините со настапите во италијанското калчо, си заработи трансфер од сништата во лигата од сништата.
Сергеј Милинковиќ Савиќ му се приклучува на составот на саудискиот клуб Ал Хилал, со перманентен договор при трансферот од Лацио, вреден 40 милиони евра. Во Лацио заработуваше 6 милиони евра нето по сезона, а во Ал Хилал ќе заработува 17 милиони нето плата по сезона. – поврдија светските медиуми.

Еден од најдобрите играчи во Серија, А ја напушта лигата и ќе игра со Рубен Невес и Калиду Кулибали. Исправни ли се одуките на овие големи играчи? Ќе живне ли саудискиот фудбал?