Фудбал

ПА ДОБРО, МОЖЕ ЛИ ДА ПРОПАДНЕ И ОВА ЗА АРСЕНАЛ?

Топџиите минатата сезона беа на прагот да ја освојат титулата во Премиерлигата, кога почнаа да губат бодови во „небитни“ натпревари и од т.н. „мали“ противници, пред да го загубат дербито со Сити кога и навистина беше јасно дека екипата од Манчестер е подобра од лондонската.

Во Вест Хем се се пофрустрирани поради доцнењето на трансферот на Деклан Рајс во Арсенал. Пред 9 дена беше постигнат договор и Рајс ги помина медицинските прегледи, но документите се уште не се потпишани. Може ли Артета да загуби уште една „добиена“ битка?